Ни избегаа младите од Македонија, не е во наши раце, ние не можеме да ги задржиме- жалосно изјавија штипјани

Со желба за подобар живот секојдневно се пакуваат нови куфери и се купува карта во еден правец. Анкетираните сведочат на празни улици и исчезната генерација која била предвидена да биде наша иднина, тие велат дека доколку не се покачат платите и доколку не им се овозможат услови за егзистенција, младите ќе продолжат да не напуштаат. „За подобар живот“ беше најтажната реченица која се повторуваше од уста во уста. Граѓаните велат дека затворените порти и спуштените ролетни се резултат на тоа што трудот на младите не се вреднува.

„Па младите знаеш кај ни одат, одат ни на „бољи живот“, мош и ќе засиле младината да бега, бегат од сиромаштија.“

„За подобар живот.“

„За пари, што друго може? Ниски плати и така. Мора да со покачат, да бидат повисоки платите и мислам дека ќе останат, инаку тешка работа. Можејќи тука да егзистират, тие мораат да одат во странство.“

Анкетираните сведочат дека одсуството на своето дете го чувствуваат и во нивните домови, а на нив останало само да бројат денови до следната средба

„Зошто бегаат? Бидејќи не е убаво тука сигурно, да е убаво нема да бегаат, за подобра иднина. Да се покачат плати, да има работа и тогаш ќе останат тука младите.“

„Слаба економија, сиромаштија и немаштија и затоа, тие се млади, одат на подобри услови. Тоа е резултат на државата, не е до нас.“

„Немат работа, не платена работа и други работи. Да може да се вработат, да може да ги школуваме како што треба и така натаму. Како не ни е криво, останвме ние старите.“

Штипјани велат дека ниските плати, недостигот од работни места, корупцијата и нефукционалниот систем ја празнат државата, носејќи ја иднината со секој автобус што заминува. Да постоеја услови за нормален живот, велат граѓаните, младоста немаше да бега, туку ќе ја градеше својата иднина дома.

Дајана Сандева, М-Нет