
Уште едно заминување од редовите на Воска Спорт, фудбалерот од среден ред Николче Шаркоски замина од охридскиот прволигаш и кариерата ја продолжува во нова средина, а заминувањето од Воска, Шаркоски го потврди за телевизија М Нет.
Шаркоски во Воска Спорт пристигна од редовите на Работнички, а во својата кариера има настапувано и за Брера Струмица и прилепска Победа.
Оваа сезона во дресот на Воска Спорт, Шаркоски одигра 12 натпревари каде постигна еден погодок.
Шаркоски кариерата ја продолжува во нов клуб, интересот за прилепчанецот е голем, па останува да видиме во следниот период за која понуда ќе се одлучи Шаркоски и каде ќе ја продолжи својата кариера 30-годишникот.
Александар Ванев, М-Нет