Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:
„Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.
Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.
Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: автопати,
експресни патишта, железница, над 1200 проекти во општините, аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо.
Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.
Ја градиме Македонија“,напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.
Текстот Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија е превземен од МАКФАКС.