Несогласувања околу цената на такси услугата во Штип, советниците со поделено мислење

Со 12 гласа „за“ донесена одлуката за старт на такси услугата во Штип да биде 70 денари. Но, последните случувања со цената на нафтените деривати, доведе до дискусија во Советот на Општина Штип зошто цената се гласа денеска, а претходно стартот беше и 80 денари. Дополнително, советничката од Левица со став дека покачувањето на цената на такси услугата не е во ред.

„На терен цената од 70 денари е веќе четири до пет месеци. Доаѓам од населба од која барем еднаш во текот на денот се возам со такси. Дали сакате да кажете дека се договоривите дека нема покачување на цената од 70 денари, а денес стартот е 80 денари“ – кажа Поповска.

„Барањето за покачување на 70 денари не е во прилог на такси компаниите кога изгласавме воведување на градски линии, ова не е во ред“ – кажа Ибраимова.

На ова претседателот на здружението на таксисти Такси 2003, Глигор Арсов истакна дека барањето е поднесено во 2018 година и оттогаш уште пет пати, но одговор немало.

„Ова барање е редоследно 2018 петто по ред. Не знам што е бил проблемот претходно, ама сега ни се насмеа среќата“ – додаде Арсов.

Арсов истакна дека е побарано од Локалната самоуправа и од полицијата поголема сигурност за таксистите, односно надеж дека ќе се намали сивата економија.

Лаура Стојанова М-Нет