
В сабота со натпреварот меѓу Кадино и Фортуна ќе стартува 11. коло од Третата фудбалска лига – Север, а ќе се комплетира со шест натпревар в недела.
В сабота поранешниот второлигаш Кадино ќе се соочи со екипат на Фортуна во меч каде гостинскиот тим е апсолутен фаворит за осмо славје, во однос на Кадино кој ќе бара четврто славје.
В недела Аеродром ќе ќе игра дерби со Башкими Љуботен на домашен терен, додека пак БВК Коњаре како фаворит ќе се соочи со последнопласираниот Њу Старс, кој е нов член на Трета лига – Север и ќе ја бара само втората радост.
Непоразениот лидер Шкендија од Арачиново на домашен терен како голем фаворит ќе се соочи со екипата на Академија Илинден, ланскиот шампион Куманово ќе игра дерби од средината на табелата против новајлијата Ржаничино.
Пчиња се враќа на својот терен откако истиот ги исполни условите за Трета лига – Север по неговата реконструкција, а во рамки на оваа рунда ќе игра против Беса Влазрими.
Поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ дома како фаворит ќе се соочи со тимот на Риниа.
Александар Ванев, М-Нет