Нема болести кај оризот, има доволно вода – се очекува добар квантитет и квалитет оваа година

Каков ќе биде квалитетот и квантитетот на ориз оваа година. Земјоделците од кочанскиот регион велат засега ситуацијата е добра, оваа година нема болести кај оризот, а има и доволно вода за наводнување. Во наредниот период согласно временски услови, ќе зависи и понатамошниот тек на оризот, пред се на покрупните сорти кои оваа година најмногу се застапени по кочанските полиња.

„До сега сме задоволни, вода има доволно. За понатаму се зависи од водостојот на браната и од дедо Господ. Мислам дека ќе има добар и квантитет и квалитет оваа година. Камео и андреа имаменајмногу засеано, ситни сорти немаме“ – вели Стоименов.

Земјоделците децидни дека се ќе биде добро ако почне да се откупува оризовата арпа од претходната година. Со овогодинешните показатели треба да има добар ориз, кој понатаму треба да се продава.

Оваа година ќе се откупува оризовата арпа од претходната реколта која стои складирана во амбарите на земјоделците. Држжавата најави, но се уште не е започнато.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет