
Четири екипи освоиле двоцифрен број на бодовите од последниете пет средби, само Шкупи е без бодови. Пелистер има најдобра форма од последните пет натпревари во Втората македонска фудбалска лига, битолачни имаат освоено 13 од можни 15 бодови, победничката низа од четири последователни победи беше прекината во неделата кога Пелистер одигра 0:0 против Беласица во Струмица.
Работнички е со форма од четири победи и еден пораз и има освоено 12 бодови, а пак Брера Струмица има 11 бодови, додека пак Охрид е со десет бодови од последните пет средби.
Сите останати екипи имаат едноцифрен број на освоени бодови од можни 15.
Според формата од последни пет средби Новаци има седум бодови, Македонија ЃП и Камјани имаат по шест бодови, а по пет имат Еуромилк ГЛ, Беласица, Тетекс и Кожуф, Детонит Плачковица освои само четири бодови на последни пет одиграни средби, Осогово има три бода, а пак Шкупи нема освоено бодови.
Ако се погледне табелата во Втората лига знаејќи во каква форма играат екипите, тогаш Шкупи кој веќе е на добар пат кон испаѓање и во Трета лига ако на полусезона многу работи не се променат и ако реално има шанси за такво нешто, остануваат уште неколку екипи кои до крајот на есенската полусезона ќе мора да освојат што е можно повеќе бодови за да имаа полесна пролет или реални шанси за опстанок.
Баражите за опстанок се минатото, потребно е пласман во топ 11 зоната за опстанок во Втора лига.
Притисок голем има Осогово, кој со новиот тренер Спирко Златков ќе мора до крајот на есенскиот дел да собере колку што може повеќе бодови, па да следува зимски „ремонт“ во тимот, таква околност има и Еуромилк кој го доби Љупчо Димовски за нов тренер.
Не е сјајно ниту во Новаци и Кожуф, екипи кои веќе променија тренери, а ќе мора и Детонит Плачковица да го бара патот до враќање на победите односно излез од резултатската криза.
Тетекс со победа токму на Детонит Плачковица ќе биде сигурен во средината од табелата, Камјани и Македнија ЃП кои играат во променлива форма засега делуваат сигурно во средишниот дел од табелата, а до крајот од есенскиот дел може само значително да се зацврстат. Останатите екипи се во горниот дел од табелата во трката за позициите кои водат кон Прва лига, како Беласица која е на 5. место со 11 бодови, Брера Струмица е на четвртото место со 14 бодови, а по 15 бодови за делба на второто место имаат Работнички и Пелистер, а пак Охрид е прв со 16 бодови. Но, Работнички и Брера имаат меч помалку, тој од петтото коло, кој е одложен.
Притисокот за излез од резултатската криза веќе има кај голем дел од екипите, а трката за позициите кон Прва лига станува се понеизвесна како доаѓа крајот од есенската полусезона.
Александар Ванев, М-Нет