Некогашната сала во с. Д. Балван на работ на распаѓање, опсаноста за децата најголема

Разрушени ѕидови, прозорите веќе ги нема, керамидите од покривот во секој момент може да паднат, барем оние што останале, ваква е денес сликата на некогашната спортска сала во село Долни Балван. Ако пред десетина години овде се младите доаѓале на забава, денеска може да се снинма сцена од хорор филм. Жителите пред камерите на М-Нет телевизија велат објектот во ваква состојба стои со децении, сите градоначалници до сега ветувале, но решение на виделина нема. Опсаноста е најголема за децата. Дополнително на ова веднаш до разрушената спортска сала е новиот објект каде децата одат на училиште, поставени се детски риквизити, но не се обезбедени најмалите, бидејќи во секој момент може да се сруши некогашаната сала.

„Салата е потенцијален непријател за децата. Сите деца овде си играат, а салата голема опасност претставува, самата сала кажува колку е стара. Наназад колку градоначалници се променија, сите велат дека ќе направат добро, треба да ја сменат сликата за Балван“

Првиот човек на Општина Карбинци, Виктор Паунов во врска со овој проблем кажа дека моментално се во првата фаза односно добивање на одборение за рушење на објектот. Меѓутоа, дали повторно ќе се изгради нова спортска сала или не, нема конкретен одговор.

„Постапката за отстранување на објектот е во фаза на издавање на одобрение за истото. Ние го направивме елаборатот, го добивме проектот за отстранување, веќе сме во некоја крајна фаза на добивање на одобрение. Ова е прва фаза на расчистување на тој терен, да ја отстраниме опасноста, подоцна ќе одлучиме или ќе процениме што ќе градиме на тоа место, дали ќе градиме сала повтроно или ќе го уредиме на друг начин“ – кажа Паунов.

Инаку во предизборната кампња Пунов имаше предвидено изградба на спортска сала на територијата на Општина Карбинци. На прашањето дали и каде ќе има, Паунов одговори дека исполнување на ова ветување зависи од повеќе фактори, како поддршка од Централната влас за реализција на овој капитален прокет. Но, додаде дека се надева дека во претстојните четири години Карбинци ќе добие нова спортска сала.

Лаура Стојанова М-Нет