
Повеќе слободни работни места, помалку млади. На пазарот на труд има слободни позиции, но недостига кадар. Работодавачите сè потешко наоѓаат работници, а граѓаните велат дека проблемот не е само во достапноста на работата, туку и во платите, условите и сигурноста, додека во исто време има и невработени кои тешко наоѓаат работа. Иако има слободни позиции, нема кој да ги пополни.
.Според граѓаните, младите не заминуваат без причина – парите и подобрите услови се главниот мотив, па иднината ја бараат надвор од земјава.
Ова е сериозен проблем за пазарот на труд. Недостигот на кадар сè повеќе се чувствува, а потребата од работници расте.
Ева Тушевска, М-Нет