На 15 март ќе се одржи „Штип Опен 2026“ – меѓународен шаховски турнир, доаѓаат учесници од пет држави

На 15 март Штип ќе биде домаќин на меѓународниот шаховски турнир „Штип Опен 2026“ на кој учество ќе земаат натпреварувачи од пет држави, со што се потврдува големиот интерес за овој турнир, а кој го организира шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип.

На турнирот ќе учествуваат 86 шахисти од Македонија, 15 ќе пристигнат од Србија, од Косово ќе дојдат двајца натпреварувачи, Грција ќе биде застапена со три натпреварувачи, а петтмина доаѓаат од Бугарија.

На „Штип Опен 2026“ ќе настапат 11 велемејастори, девет интернационални мајстори, и 13 фиде мајстори.

Меѓународниот шаховскиот турнир „Штип Опен“ кој ќе се одржи на 15 март ќе стартува во 10:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет