На скромен начин одбележан патрониот празник на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип

Со десет класични точки и настап пред се на наставниците во средното музичко училиште Сергеј Михајлов во Штип, денеска се одбележа патрониот празник на училиштето. Заради ковид пандемијата одбележувањето беше сведено во кругот на така кажано најблиските, односно само наставниците и учениците. Директорот, Горан Кавраков истакна дека ваквата одлука е донесена со цел да нема дополнителни несакани ефекти по здравјето на граѓаните поврзано со корона вирусот.

„Денес го одбележуваме патронатот на нашето училиште основано во далечната 1946 година од страна на професорот Сергеј Михајлов кога е основано прво основното музичко училиште, за да после 15 години во 1961 година се основа и средното музичко училиште. Оваа година заради ковид пандемијата одлучивме патронатот да го одбележиме од затворен тип односно само со вработените и учениците.“ – истакна Кавраков.

Главниот акцент и беше даден на наставниците, но на одбележување на патрониот празник на музичкото училиште настапија и два ученика. Со ваквата програма и се нуди и на новите ученици кои сега се запишале во ова училиште подетално да се запознаат со истото.

Лаура Стојанова М-Нет