На симболичен начин одбележана митровденската задушница

Иако се соочуваме со корона вирусот сепак мотровденската задушница на симболичен начин се одбележа граѓаните без масовни групирања и со почитување на мерките кои што се донесени од владата на Република Северна Македонија ги посетија вечните почивалишта на своите блиски.

И покрај присуството на луѓе на гробиштата незадоволство се јавува кај продавачите на цвеќиња и свеќи поради појавата на пандемијата ја нема побарувачката на која се навикнати пред ковидот.

Има посетеност но сепак поради короната го нема тој интензитет имаме побарувачка на цвеќиња и свеќи но не толку како пред ковидот.

И покрај стравот од опасноста која демне од моменталниот невидлив непријател сепак желбата да им се оддаде почин на починатите не изостана. За разлика од претходната духовденска задушница која беше на шести јуни годинава кога немаше никакво присуство поради забраната која беше донесена како заштитна мерка овој пат присуството беше дозволено но без големи групирања и почит на препораките од Влада.