
Првата македонска фудбалска лига по сезона 2019/2020 од десет екипи беше проширена на 12 екипи, се од минатата сезона 2025/2026 кога беше донесена одлука фудбалската елита на Македонија да се скрати на десет екипи. Поради кратењето на лига повеќе екипи испаднаа, а тоа што два прволигаши испаднаа во баражите од второлигаши, минатата година од Прва во Втора лига се преселија дури пет екипи.
Последен пат Прва лига со десет екипи беше во сезона 2019/2020 кога поради пандемијата со Ковид-19 лигата беше замрзната до 23. коло, а од следната сезона 2020/2021 истата се прошири на 12 екипи.
Во новата сезона одново 2026/2027 одново ќе има дебитант, тоа ќе биде Шкендија Арачиново, а прволигашкиот фудбал се врати во Штип по сезона 2023/2024 кога Брегалница како последнопласирана испадна од елитата, а сега како шампион во Втора лига по две сезони се врати во Прва лига.
На Истокот единствено прволигашки фудбал ќе има само во Штип, откако Брегалница успеа да стане шампион минатата сезона и одново да биде прволигаш, а по испаѓањето на Брера Струмица од Прва лига, прволигашки фудбал на Истокот освен во Штип во друг град нема да има. Многу големи фудбалски центри остануваат без прволигашки фудбал како Битола, а пак Прилеп останува и без второлигашки фудбал. Во Струмица ќе се гледа второлигашки фудбал, Велес од сезона 2021/2022 е без прволигашки фудбал, а веќе втора сезона по ред ќе биде и без второлигашки фудбал.
Ако се погледне фудбалската карта на Македонија и по градови каде ќе има прволигашки фудбал, најмногу екипи доаѓаат од Скопје, тоа се шампионот Вардар, екипата на Скопје од Автокоманда и дебитантот Шкендија Арачиново, прволигашки фудбал ќе има во Тетово, Струга, Кавадарци, Гостивар, Куманово, Кратово и Штип.
Најмногу титули има Вардар вкупно 12, Шкендија има пет, а пак Работнички има четири, додека пак Силекс трипати беше шампион на Македонија, а интересно за кратовскиот прволигаш е тоа што дури седум пати беше вицешампион, а титула чека од сезона 1997/1998.
Александар Ванев, М-Нет