
Традиционално и оваа година во Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип се одржа манифестацијата за избор на најубаво украсено велигденско јајце. 32 учесници беа дел од манифестацијата, а прекрасната изработка на јајцата остави тешка работа на комисијата за избор на најубави три. Децата имаа слободна тема и можност да користат разни техники и бои за да го декорираат своите јајца.
„Традиционално се секоја година се одржува оваа манифестација во центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Новитет е тоа што се зголемува бројот и интересот за создавање уметност врз бојадисување јајца. И она што е многу важно е дека и децата и оние од ателјето при „Ацо Шопов“Штип зедоа учество да бидат дел од манифестацијата.“ – вели Трајков.
Задоволни и горди од она што го направиле, најмалите ги изложија јајцата и по некој цртеж кои беа дел од изложбата во Галерија 22. Визијата на децата преточена на велигденски јајца беше реалната слика во Домот на култура денска.

Одлуката за најубави три украсени велигденски јајца ќе се знае денеска, а во вторник ќе се доделат и наградите на наградените ученици.
Лаура Стојанова М-Нет