
Најмалку до шестиот месец да се практикува доење кај бебињата, препорачуваат педијатрите во Штип по повод светската недела на доењето. Велат најдобрата храна на бебињата е мајчиното млеко, природен лек што обезбедува идеален почеток на животот.
КБ Штип е борец за здравјето на најмалите – со строга забрана за употреба на адаптирани млечни формули и вештачки млека, а се во име на едно – природното доење. Штипската болница и оваа година е дел од светската иницијатива „Болници пријатели на бебињата“ – програма поддржана од Светската здравствена организација, која промовира исклучиво доење, уште од првиот ден по раѓањето.
,,Кличинча болница Штип е една од болниците која што е вклучена во иницијативата на светската здравствена организацја ,,Болници пријатели на бебињата“ , програма која што служи за промовирање на доењето. Постојат неколку чекори со кои што се служиме за промовирање на доењето. Во нашата болница е забрането користење на адаптирани млечни формули и било какви вештачки млека, забрането користеење на цуцли, едукација на целиот медицински персонал за важност за доењето и едукација на мајките за значењето на доењето за здравјето на бебињата. Препораката е минмум до шест месеци да се практикува доењето.“, рече Гацова
Дека мајчиното млеко ги содржи сите значајни елементи, кои што се важни за растот и развојот на бебето, согласна е д-р Гацова. Таа потенцира дека мајчиното млеко го заштитуваат новореденчето, кое што во првите два месеци нема никаков стекнат имунитет.
Иако, е дозволено користењето на адаптирано млеко, за оние бебиња кај кои мајките имаат проблем со доењето, сепак педијатрите потенцираат дека, оваа пракса е под многу строги критериуми, кои што праксата се многу ретки.
Иван Митев, М-Нет