
Најдоцна до понеделик ќе се распише огласот за вработување на 19 специјализанти во штипската КБ. Минатиот петок министерство за здравство даде зелено светло со што во наредниот период треба да се вработат специјализанти по анестезија, геникологија, хирургија и сл. Ккако што посочи директорот Владко Захариев, недостиг останува само во средниот кадар.
,,Минатиот петок добивме согласност за распишување на оглас за вработување на неопределено време на специјализанти Тие се 19 на број, добивме согласност за 19 лекари за специјализација. Специјалности горе долу ги има скору сите, значи две анестезија, две гинекологија, три ренгинологија, педијатрија, како и други специјалности. Оваа недела бевме во припремана оглс и најкасно до понеделник да биде во јавни гласови.“; вели Захариев
Со овие 19 вработувања, Захариев рече дека бројот ќе биде задоволен. Допонително посочува дека доминатно следно вработување ќе биде на средниот персонал, бидејќи има недостаток на медицински сестри, болничари, хигиеничари.
Покрај ова, денес во болницата имаше и посета од министерството за здравство и од медицински лица од англија, кои дојдоа да го увидат капицетот на КБ Штип за евнтуално примање на пациентит од незгодата во Кочани, што би можела болницата да ги земе за втора или трета фаза на лекување.
Иван Митев, М-Нет