
Штип има потенцијал да биде уште поубава и уште понапредна општина. Водејќи се по ова од СДСМ се залагаат за поголеми вложувања во општината за подобрување на животот на младите и идни генерации.
„Како Локална власт постојано вложуваме да го креираме најдоброто за идните генерации. Ќе бидам гласот на младите во рамките на Советот на Општина Штип, време е една нова генерација да зачекори и да знае и умее како се работи за својот роден град. Во изминатите четири години Локалната власт предводена од СДСМ направи многу за нас младите. Само над 4 милиони евра беа вложени во образованието, во реконструкција на училишта и спортски сали.“ – додаде Стојчевски.
Изградивме и реконструиравме нови игралишта во спортско рекреативниот центар Суитлак, во дворот на салата Славчо Стојменски обновено е постојно спортско игралиште. Во тек е изградба на покриениот базен кој е во завршна фаза истакна Стојчевски додавајќи дека во претстојните четири години ќе се работи уште по интезивно.
„Ќе продолжиме со исто темпо и во следниот четиригодишен мандат. Програми за развој на вештини, финансиска поддршка за младински организации, отворање на младински центар, реконструкција на Дом за млади, инвестиции во нови спортски терени, нови велосипедски и пешачки патеки и многу други содржини“ – додаде Стојчевски.
Со продолжување на изборната кампања од СДММ го ветуваат најдоброто за младите во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет