
Над два метри долга ќе биде џиновската пастрмајлија оваа година за свеченото отворање на Штипската пастрмалијада. За нејзината подготовка ќе бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно.
Пекарот Николче Малинов најавува дека годинава ќе се обидат да ја направат најголемата и најдолгата пастрмајлија досега. За подготовката и транспортот до бината ќе бидат ангажирани четири до пет лица.
,,За оваа година ќе се потрудиме да биде најголема, најдолга до сега 2 метра и 10 сантиментри. Потребно ќе ни биде околу 17 килограми свежо свинско месо, 4 литри зејтини 20 килограми брашно. За оваа голема акција ќе ми бидат потребни 4 до 5 луѓе,како и транспортот до бината на свеченото отворање на штипската пастрмалијада.“, рече Малинов
Малинов за М-Нет телевизија истакна дека џиновската пастрмајлија ќе се пече околу 35 минути, во зависност од температурата на печката. Како што рече истата ќе се пече во еден дел.
,,Да нашата печка е приспособена за тоа, ќе ја печеме во еден дел и ќе се печи околу 30 до 35 минути, се во зависност од темпартурата на печката.“, додава Малинов
Инаку, како и секоја година, така и оваа традиционално на почетокот на манифестацијата е предвидено свечено отворање со сечење на џиновската пастрмајлија. И годинава се очекуваат многу посетители како од државава, така и од странство.
Иван Митев, М-Нет