Најавите на М Нет се потврдија: Горазд Михајлов нов тренер на Вардар

фото: ФК Вардар

Тоа што телевизија М Нет го најави пред околу две недели денес и официјално беше потврдено од страна на Вардар, Горазд Михајлов е нов шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Како што најави и телевизија М Нет Вардар и Силекс направија трампа, откако Александар Васоски од тренерското столче на Вардар седна на тренерското столче на Силекс, а пак Михајлов тренерското столче на Силекс го замени со онаа на Вардар.

Михајлов го превзема Вардар како последнопласиран на табелата со 17 бодови и ќе има навистина тежок предизвик да избори опстанок во Првата лига со најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Вардар пролетниот дел го отвара против Гостивар на гостински терен.

Александар Ванев М-Нет