Натпреварот Шкендија Арачиново – Тетекс ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари


ФК Шкендија Арачиново уште еднаш ги информира навивачите дека утрешниот натпревар против екипата на Тетекс ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.
Од клубот упатија повик до сите симпатизери и љубители на фудбалот да бидат дел од овој дуел и со своето присуство да дадат поддршка на тимот во важниот натпревар.
Шкендија Арачиново се надева на силна поддршка од трибините, која ќе да биде дополнителен мотив за позитивен резултат против тетовскиот состав.