Населбите Чардаклија, Македонка и Балканска во Штип со еднаков пристап во програмата на ВМРО – ДПМНЕ

Еднаков пристап за сите населби во Штип ветија од ВМРО – ДПМНЕ преку промотивен спот. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, носителот на советничката листа, Владко Захариев и кандидатот за советник, Даниел Јовевски во населбите Чардаклија, Балканска и Македонка ги посочија проблемите кои ги тангираат жителите, а се обврзаа за изнаоѓање решенија.

„На потегот помеѓу населбите Чардаклија и Балканска ќе изградиме тротоар, а во мојата населба ќе го уредиме просторот околу училиштето со парк и детско игралиште. Нашиот пристап ќе биде еднаков за сите граѓани и за сите населби. Токму затоа нудиме решенија за заборавените населби Балканска, Македонка и Чардаклија. Наша обврска е во населбата Балканска да обезбедиме јавен превоз, проширување на канализационата мрежа и подобрување на патната инфраструктура. Во населбата Македонка предвидуваме нов парк, изградба на детски и спортски содржини, како и подобрување на патната инфраструктура со ново осветлување“, истакнаа тие.

Караванот под слоганот „Создади нова иднина“ продолжува вечерва на средба со граѓаните во населбата Чардаклија.

Ребека Спасова МНет