
Расфрлан отпад, кеси, нароктични шприцеви и игли, е глетката во светиниколско, Горно Крушки која ги вознемирува граѓаните на Општина Свети Николе. Велат дека местото пред повеќе децении го користеле за пикник, излет и одмор, ама сега местото како што велат е непрепознатливо. Им претставува грижа, бидејќи повеќе во близина немаат каде да отидат во своето слободно време за да уживаат и одмараат. Во согласност со ситуацијата М-Нет телевизија разговараше со градоначалникот на општината Дејан Владев, кој на нашето прашање истакна дека местото наречено како Горно Крушки веќе неколку децении е приватно и во ситуацијата Општина Свети Николе нема никаква надлежност за самото место. Вели дека е запознат со случајот, но за жал тоа е одговорност на приватното лице. Понатаму она што останува е тоа колкава е свесноста кај луѓето за да не предизвикува загадување во природата?
Лаура Стојанова, М-Нет