
Откази од работни места, затворање на бизниси – семејствата на повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани велат потребна им е помош за да можат да го надминат процесот со рехабилитација. Голем дел од повредените не можат да работат, на добар дел од нив им е потребна постојана нега и грижа, а станува збор за долг процес кој ќе трае со години. Родителите со сведовштва, велат потребна им е помош и подобри услови за да можат да го надминат овој доготраен и болен процес на рехабилитација.
Власта и опозицијата денеска со ветување дека ќе им помогнат. Премиерот, Христијан Мицкоски од Желино порача дека имаат организиран пристап, со цел да им се помогне на семејствата на повредените.
-Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите најмили, вели Мицкоски.
Опозициската СДСМ денеска од македонското собрание порача дека повторно во редовна постапка ќе го поднесат Законот за помош на семејствата кои имаат загинато и повредени деца, кој не е политички, туку човечки закон. Прифатени се забелешките од позицијата, а низ дебата во македонска собрание може да се добијат подобри решенија за обештетување на семејствата на загинатите, а за повредените да добијат и тоа веднаш финансиска и институционална помош.
„Јавните обвинители работат со динамика која ја определија. Се надеваме дека за десетина дена треба да заврши истрагата, потоа ќе има увид одбраната и во средината на месец јули се чека јавно обвинителство да ја заврши работата онака како што е предвидено“ – вели Коцевски.
Во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 се повредени. Семејствата на загинатите денеска информираат дека во сабота во 16.05 го организираат седмиот Марш за ангелите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет