Намален финансискиот товар за родителите со воведувањето на униформите за учениците во Штип

Воведување на училишни униформи за учениците од одделенска настава е една од посолго бараните инвестиции што Општина Штип ја реализираше во изминатите години, тврди Иван Јорданов. Со оваа мерка се намалил финансискиот товар врз родителите и се создале подобри услови за учениците да се посветат на образованието. Јорданов е дециден дека општината континуирано работи на подобрување на условите за учење во училиштата преку различни проекти и вложувања.

„Во изминатите години општина Штип направи решителни и комплетни чекори за подобрубање на условите за учење во нашите училишта. Би сакал да ја споменам инвестицијата што фолго време беше барана од родителите, поврзана со набавката на униформи за одделенска настава. Со оваа инвестиција ги ослободивме на учениците и родителите од финансиско оптоварување. Со цел да им овозможиме да се фокусираат на она што е најваќно. Подршката на образованието значи и препознавање на оние кои се издвојуваат со својата посветеност, успех и резултати. Затоа во 2023 година воведовме финансиска подршка за најдобрите ученици, за оние кои носат првенство на генерација.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип

Според Јорданов, поддршката на образованието се огледа и во препознавањето на трудот и успехот на најдобрите ученици. Затоа, од 2023 година е воведена финансиска поддршка за учениците кои го добиваат признанието „Првенец на генерација“.

Оваа мерка, според него, претставува дополнителен мотив за учениците да вложуваат повеќе труд и знаење во текот на своето школување. Тој нагласи дека општината ќе продолжи со вакви политики насочени кон унапредување на образованието и поттикнување на младите таленти.

Дајана Сандева, М-Нет