Намален бројот на ковид пациенти во Истокот, починато е едно лице во Кочани

Намелен бројот на ковид пациенти во модуларната ковид болница во Кочани. Хоспитализирани се 27 пациенти од кои 15 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 8 кревети. Едно лице од Кочани не ја преживеало битката со корона вирусот истака директорот на кочанската Општа болница, Александар Серафимов. Во Штип хоспитализирани се 62 пациенти од кои 32 во модуларната ковид болница и 30 на Инфективното одделение, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. 44 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 42 кревети, 14 во модуларната болница и 28 кревети за пациентите со полесна клиничка слика на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка. Во последните 24 часа во Клиничка болница Штип нема регистрирано ниту едно починато лице од корона вирусот. Намалувањето на бројот на новоинфицирани пациенти, како и намалување на притисокот врз болниците придонесува и до благо олабавување на рестрикциите, но и понатаму важат мерките за носење заштитна маска, одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција.

Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Лаура Стојанова М-Нет