Наковски Волеј против Јанта Волеј во големото финале од Купот на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Екипата на Јанта Волеј со 0-3 во сетови го доби Работнички Скопје и закажа финале со екипата на Наковски Волеј, која претходно го доби Фит Фан Волеј со 3-0 во сетови.

Големото финале кај дамите се игра утре во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 16 часот, а влезот ќе биде слободен.

Во одличен, неизвесен и актративен меч во полната сала и максимална поддршка од трибините се одигра вториот полуфинален меч, а екипата на Јанта Волеј како подобро, како победник патува во финалето.

Кај мажите во финалето ќе се соочат бранителот на Куп титулата Штип УГД и Струмица, реприза на ланското Куп финале.

Александар Ванев, М-Нет од СРЦ „25 Мај“ Радовиш