Над 90 единици крв собра Црвен Крст Виница на вчерашната крводарителска акција, доделени благодарници и беџови

Над 90 единици крв собра општинската организација на Црвен Крст Виница на вчерашната спроведена крводарителска акција. На сите крводарители беа доделени благодарници, беџови, привезоци за пет, 10 и 25 дарувања крв, како и топло кафе за првите 10 крводарители кои дојдоа на оваа акција. Во склоп на истата акција истовремрно имаше и пункт за зачленување во нивната група за крводарители. Инаку, црвениот крст во Виница на годишно ниво реализира по 13 редовни крводарителски акции, но и воредни по потреба. Години наназад Општина Винциа беше и сеуште е мегу првите во државата во крводарителствотто, односно секоја година го исполнува и надминува годишниот план според бројот на жители. Само изминатата 2024 година оваа општина го надмина планот со 262 проценти повеќе од предивденото. Како што велат од организацијата со вакво темпо ќе продолжат и понатаму со една и единствена цел, да се спаси некој нечиј живот.

Иван Митев, М-Нет