
Околу 60% од граѓаните во земјава се изјасниле дека имале проблеми со комуналните услуги, покажаа истражувањата на Организација на потрошувачи на Македонија(ОПМ), а кои денеска и утре со надлежните јавни претпријатија, невладини организации и претставници на институциите дебатираат за поплаките на граѓаните за комуналните услуги, но и да се формира и локален Совет за потрошувачи во Штип. Татјана Тасевска правник во ОПМ вели дека покрај тоа што имаат поплаки за комуналните услиги, граѓаните се жалат дека и тешко се решаваат од страна на надлежните јавни претпријатија.
„Основна цел на проектот е да се помогне на граѓаните на Општина Штип, да се формира совет за заштита на потрошувачи и да се донесе програма за заштита на потрошувачи со тоа што ќе има и поголема заштита на потрошувачите о овде во Штип.
Комуналните услуги од она што ние го правевме е дека граѓаните имаат проблеми со комуналните услуги, дека тешко ги решаваат, тешка е достапноста до јавнте претпријатија и до општината“ – вели Тасевска.
Според Тасевска дел од проблемите би требало да се решат со формирање на Совет на протошувачи. Вакви совети има формирано во Битола Охрид и Кочани. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека споровите со јавните услуги треба да се решаваат побрзо, а едно од решенијата е и по електронски пат.
„Преку овој проект се планира и одредена платформа, преку којашто јавните претпријатија ќе ги решаваат и ќе имаме на едно место интегрирани услуги“ – вели Лончар.
Меѓудругото целта на проектот е и потрошувачите да се грижат за животната средина и како да дојдат до енергетски ефикасни производи по при
Лаура Стојанова М-Нет