
Над 50 ветерници ќе се постават на потегот меѓу Штип, Карбинци и Радовиш со што ќе се изгради најголемиот ветерен парк во Западен Балкан. Ќе се произведува еден терават електирчна енергија на час, со што ќе се работи на зајакнување на енергетската независност, нешто што е цел на новата Влада.
„Ветерниот парк е значаен објект кој до капациетет до 400 мегавати и со повеќе од 50 ветерници ќе биде најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Ќе овозможува производство на електрична енергија за повеќе од 100 илјади домаќинства и ќе придонесува за намалување на емисијата на стакленички гасови на државата.“ – вели Божиновска.
Со оваа инсвестција ќе се отворат и нови над 600 работни места, а стотина илјади македонски домаќинства ќе може да се снабдуваат со електирчна енергија. Од овие ветерници ќе се произведува приближно 20% од целокупното производството на струја. Премиерот, Христијан Мицкоски посочи дека владата ќе вложува во енергетиката и од енергетско зависини, државата да стане нето извозник на електрична енергија.
„500 милиони американски долари инвестиција во парк на ветерници што ќе биде сместен меѓу Штип, Карбинци и Радовиш. Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електирчна енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија. Оваа инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања. Стотина илјади македонски домаќинства ќе може да се снабдуваат со електирчна енергија од овие ветерници.“ – вели Мицкоски.
Најголемиот парк на ветерници во регионот треба да започне со реалзиација кон средината на наредната година, со што ќе се користи ветерот, сонцето и ќе се создава струја.
Лаура Стојанова М-Нет