
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од активните доброволни противпожарни друштва во државата денеска официјално се приклучија во системот на Дирекцијата за заштита и спасување за справување со пожарите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, истакна дека доброволците ќе имаат значајна улога во националниот систем за гаснење пожари и најави подобра организација, опрема и законска поддршка. Според него, во текот на летната сезона секојдневно ќе бидат потребни најмалку 120 подготвени доброволни пожарникари за брз одговор на терен. Ангелов порача дека и покрај засилените капацитети за справување со пожарите, најважна останува одговорноста на граѓаните во спречувањето на огнените стихии.
„Денес за прв пат во нашата противпожарна историја обединети на едно место под една команда сте посторени без малку сите доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарникарни друштва од Македонија. На ова постројување претходеа серија состаноци со претставници на најактивните противпожарни доброволни противпожарни друштва на кој ги разгледавме постоечките слабости во доброволното пожарникарство, но и можните решенија за нивното надминување. Целта на денешното постројување е повеќенаменска, да покажеме дека ве има, да покажеме колку ве има, да покажеме дека за прв пат сите вие припадници на доброволните противпожарни друштва од Македонија сте обединети или имате можност да се обедините под една заедничка команда и организирано да се вклучите во националниот систем за гансење на летните пожари на отворен простор преку тимовите за брз одговор на дирекциијата за заштита и спасување.“- Стојанче Ангелов, директор на дирекцијата за заштита и спасување.
Во денешното постројување учество зедоа и доброволни пожарникари од ДПД Дојран, Штип, Виница, Конче, Пехчево, Зрновци и Баргала – Карбинци, кои ќе бидат дел од системот за справување со пожари.
„Следниот период ќе се посветам на ваше опремување и доопремување со противпожарна унирорма и опрема. Очекувам помош и од општествено одговорни компании, но ќе помага и дравата. Од моето повеќегодишно искуство со вас, слободно можам да кажам дека повеќето од вас гаснењето пожари, спасувањето човечки животи и имот ви претставува силен предизвик. Храбро влегувате во оган секаде каде што е побарано од вас а многу често и онаму каде што никој не барал од вас, јас лично сум сведок. Едноставно не можете да гледате додека гори на секаде околу вас, околу вашето слео или вашиот град. Излегувате на терен и помагате без за возврат да очекувате или барате било што. Но јас како претставник на државата, како директор на ДЗС и како командант на главниот штаб за заштита и спасување, а со тоа и ваш командант, чувствувам обврска кон вас да добиете праведен дневен надомест за денот кога сте ангажирани од нас.“- Додаде Ангелов
Постројувањето започна со интонирање на државната химна, а заврши со долг аплауз за доброволните пожарникари, кои отсега ќе бидат уште позначаен дел од системот за справување со пожарите.
Дајана Сандева, М-Нет