
Над 145 милиони евра присино се наплатени минатата година од извршители по разни основи, покажува годишниот извештај на Комората на извршители. Сумата вклучува 92 извршители кои најмногу пари наплатиле од фирмите должници, и тоа 81,7 милиони евра, од граѓаните 40,5 милиони евра, а најмалку пари наплатиле од државата, односно 23,4 милиони евра. Услугата „наплата на долгови“ вклучува околу 10 милиони евра, а од тоа профитот е околу 4 милиони евра. Граѓаните на терен со поделен став, едни велат треба да се наплаќа и поголема сума, други, пак, не ја оправдуваат „алатката“ извршител.
Како што стои во годишниот извештај, од судовите во државата извршителите лани примиле 152.079 барања за извршување, од кои реализирани се 58.201, со што на барањата од Основните граѓански и Основните кривични судови, од странките се наплатени 73,5 милиони евра. Извршителите се распоредени на 11 подрачја на територија на државата. На подрачјето на Основните судови во Кочани, Виница, Берово и Делчево има четири извршители, кои наплатиле најмалку парични средства, и тоа во висина од 3,8 милиони евра. На подрачјето на Основните судови во Штип и Свети Николе, пак, работат шест извршители, кои наплатиле 4,6 милиони евра. Најмногу пари се наплатени на подрачјето на Скопје.
Ребека Спасова М-Нет