Над три илјади граѓани вакцинирани досега во вакциналниот пункт во Кочани

Непречено се одвива процесот на имунизација и во вакциналниот пункт во Кочани. Од почетокот на вакцинацијата на 2 април годинава до сега во овој вакцинален пункт се вакцинирани над 3000 граѓани. Моментално нема вакцини за аплицирање прва доза и затоа се врши само ревакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено. Вакцинирани е вкупно 3060 лица, првата доза вакцини ја добивме на 02 април „Астра зенека““- кажа Лидија Анастасова доктор по Општа медицина

Во Кочани како и во повеќето општини во државата процесот на имунизација започна со вакцините на Астра зенека и тоа се вакцинираше повозрасното население. Од 2 април до сега во девет наврати вакциналниот пункт во Кочани добил нови контигенти на вакцини.

Несаканите нус појави кај граѓаните кои се појавуваат се вообичаени и не треба да се крева паника вели доктор Анастасова, додавајќи дека во вакциналниот пункт во Кочани немало поголем број на случаи на пациенти кои се соочиле со несакани појави по вакцината.

Моментално во вакциналниот пункт во Кочани располага со 160 вакцини доволни за до крајот на оваа недела, но се очекуваат и нови пратки вакцини. Досега најголем број граѓани се вакцинирани со вакцините „Астра зенека„ и „Синифарм„.

Лаура Стојанова М-Нет