
Сонца, бубамари, принцези, вештерки, дечињата со најразлични маски денеска го одбележаа Денот на шегата, 1 април. Секое дете со своја замисла и уникатна маска беше дел од „Априлијдата“ во штипскиот Дом на млади. Учество зедоа децата од основните училишта во Штип, а се преставија и учесниците од фестивалот за деца „Фесело штурче“. Најдобирите маски добија вредносни ваучери од општината, а ваучери добија и двете детски градинки за самата вклученост во манифестацијата.
„ И оваа година Општина Штип традиционално ја организира манифестацијата „Априлијада“. Оваа година домаќини на програмата се ученици од ООУ „Ванчо Прке“ Штип, а ќе настапат и учесниците од Весело штурче. Се доделија награди на најдобрите маски.“ – вели Џамбазова.
Наградени беа по три најдобри маски од петте основни училишта во Штип, а со ова се мотивираат младите, учениците, децата да ги исполнуваат своите фантазии. Градоначалникот Јорданов, на денешната прилика посочи дека општината и оваа година стои за учесниците и ги мотивира за реалзириање на нивните идеи.

„Прекрасно е чувството кога на едно место има многу детски насмевки, забава и маски. Денот на шегата е причина да ја мотивираме детската магинација и фантазија. Ова е ден на младите, оти се она по кое мечтаат, може да го реализираат и престават“ – вели Јорданов.
Најмалите прескреќни, со помош на нивните родители велат ги изработиле маските и денеска дел од нив беа и наградени.
Настанот Априлијада се организира секоја година со цел децата да бидат вклучени и да имаат можност да ја исполнат својата фантазија. Поддршката од општината е со цел во наредните години да бидат вклучени повеќе деца.
Лаура Стојанова М-Нет