
Наглиот пад на температурите се одрази врз здравјето и расположението на граѓаните. Замор, малаксаност, намалена енергија и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што ги чувствуваат многумина во овој период, особено лицата со хронични заболувања. Лекарите во Штип велат дека на организмот му е потребно време да се приспособи на температурните разлики, поради што промените ги чувствуваат и здравите лица. Д-р Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина, советува граѓанте да внимаваат на облекувањето, исхраната, внесувањето витамини, за полесно пребродување на овој период од годината.
,,Реагираме сите затоа што нашиот организам се адаптира на високите температури што до пред неколку дена беа, сега имаме утрински ниски и дневни темпераутри, како и ноќни. Меѓутоа најчесто чувствуваат оние што имаат некои хронични заболувања, значи настанува влошување на нивнтие состојби, варијација на крвниот притисок, отежнато дишење, ребатолошките пациенти, но не сме засеганити и сите ние останати, затоа што настанува нарушување на сонот, се крати денот, така да повеќе или помалку сите сме метеоропати и сите го чувствуваме промените.“, вели Митров
Митрова посебно ги посочи витамините како најважни за добра крвна слика. Препорачува внесување витамини Д и Ц, како и храна богата со антиоксиданси, кои ќе му помогнат на организмот многу полесно да ги поднесе промение.
,,Намалено расположение, општа слабост, течење а на ност, немање сила се најчестите симптоми. Значи соодветно да се облекуваме, затоа што не треба да се изложуваме на шок што следува, внесување на сумплименти, затоа што се намалува денот, значи витамин де, це, оксиданти, кои што ќе ни помогнат да го поминиме овој пероден период.“, додава Митров
Инаку, според УХМР, времето во деновите пред нас не очекува да биде променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини велат дека врнежите дури ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите посочуваат дека ќе се движат во интервал од 4 до 12 утринските, а од 11 до 17 дневните.
Иван Митев, М-Нет