
На крајот од неделава ќе падне „мразот“ од цените на јајцата, оризот, овошјето и зеленчукот. Лебот, млечните производи, тестенините и хигиенските производи ќе останат со замрзнати цени уште еден месец. Но на терен, според граѓаните, сѐ се топи оти замрзнати цени нема ни на повидок. Не се почитуваат ограничувањата, па штипјани согласни дека многу тешко може да се купи сѐ што е потребно.
„Никој не ги почитува цените, дополнително уште се покачуваат. Вчера купив домати 120 денари, потоа го продаваат по 180 денари.“
До крајот на овој месец важи одлуката за замрзнати цени на овошјето и зеленчукот. Штипјани на терен стравуваат дека по завршување на оваа одлука цените повторно и дополнително ќе бидат покачени, а купувањето ќе биде луксуз.
Инаку, на седница на Влада вчера замрзнатите цени на лебот, брашното, оризот, млечните производи се продолжи одлуката со што овие цени остануваат замрзнати до крајот на месец јуни. Ваквите одлуки се носат бидејќи како што велат од Влада, треба да се заштитат граѓаните и нивната куповна моќ.
Лаура Стојанова М-Нет