Мојсов, Дујовски и Кудијан се рехабилитираат и наскоро се враќаат во дресот на Брегалница

Македонските прволигаши утре недела ќе ги одиграат натпреварите од редовното 8 првенствено коло во кое тимот на Брегалница ќе гостува во Тетово на екипата на Ренова. Ренова засега е на делба на првото место на табелата заедно со екипите на Шкупи, Академија Пандев и Работнички со по 14 освоени бодови а Брегалница е на делба на 6 место со Шкендија со по 10 освоени бодови. Веќе неколку натпревари во тимот на Брегалница не се појавуваат Андреј Кудијан (кој се повреди на подготовките на Златибор), потоа Владимир Дујовски и Даниел Мојсов и со цел објективно информирање на штипските симпатизери должни сме да напоменеме дека се работи за повредени играчи кои полека, но сигурно лесно тренираат и наскоро ќе се стават на располагање на шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски. За натпреварот во Тетово веќе се делегирани и официјалните лица, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци на кого ќе му помагаат Драган Трпчевски, Душко Панов и како четврти судија Никола Иванов. За Контролор е делегиран Ванчо Костенчев од Скопје а Делегат ќе биде Лазар Проданов од Валандово. Еве ги комплетните двојки за ова 8 коло:

  1. Струга ТЛ – Шкендија
  2. Борец – Скопје
  3. Работнички – Пелистер
  4. Тиквеш – Македонија ЃП
  5. Ренова – Брегалница
  6. А. Пандев – Шкупи

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 26 септември 2021 г. со почеток во 15.00 ч. освен средбата во Струмица која ќе започне во 18.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk