
Промовирана монографијата „Сергеј Михајлов живот и дело“ на професор доктор Наташа Диденко. Плодното музичко творештво на Михајлов, неговиот живот, тестаментите и низа други работи се складинари на едно место, во монографијата која денеска беше промовирана пред штипјани. Авторката вели дека станува збори за материјали кои досега не биле објавени, а желбата да работи токму за Сергеј Михајлов се појавува благодарение на неговата плодна музичка кариера и она што го остава за основците и средношколците.
„Монографијата е заснована на досега необјавени архивски материјали, во кои посебен интерес преставува плодното музичко творештво на Сергеј Михајлов исто така самите тестаменти кои за жал се откриени 39 години по неговата смрт и не ја задржале својата вистинска вредност. За него досега е парцијално пишувано во однос на неговата дејност за поставувањето на првата опера“ – вели Диденко.
Штип е најдобрата опција за промоција на ова дело, вели промоторот Ѓоргиев. Дециден е дека штипјани треба да бидат горди на оваа монографија.
„Тој е еден од онаа пелада на руски бегалци кои својот дом го наоѓаат на овие простори и Штип треба да биде горд.“ – додава Ѓоргиев.
Во монографијата за првпат се изложени лични податоци од лични информатори кои биле ученици на Сергеј Михајлов.
Лаура Стојанова М-Нет