Моника Новакова денот го започнува во ординација, вели ако се сака работата пациентите се задоволни

Човек треба да си ја сака работата за да го исполни работниот ден. Моника Новакова е медицинска сестра која работи во приватна здравствена одринација. Таа е впрочем и првата која ги пречекува пациентите и и помага да добијат соодветна услуга, Вели денот и започнува во самата ординација и нејзина мисија и цел е пациентите да бидат задоволни и навремено услужени.

„Човек треба да си ја сака работата за да се труди максимално да си го исполни работниот ден. Моја мисија е претежно пациентите да се чувствуваат удобно.“ – вели Новакова.

Додава дека потребно е постојано надградување и за медицинските сестри, не е доволно само образование. Вели дека тие постојано присуствуваат на разни симпозиуми, се едуцираат и надоградуваат за да може соодветно да одговорат на новите предизвици, современата медицина и слично.

„Потребно е надоградување. Присуствуваме на разни симпозиуми, едукации, но и овде во одринацијата мене докторката ми е учител.“ додава Новакова.

Важен сегмент е и комуникацијата во самата ординација. На таков начин соодветно се одговара на потребите на пациентите.

Лаура Стојанова, М-Нет