Можно е зголемување на старосната граница за пензионирање, поради недостиг од работници

Можно е да се зголеми старосната граница за пензионирање. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека ММФ најверојатно ќе препорача таква мерка, но конечната одлука ќе зависи од анализите и од тоа дали Владата ќе ги прифати препораките. Според неа, најголемиот предизвик за пензискиот систем е демографијата, односно сѐ помалиот број работоспособни граѓани.

,,Веројатноста дека ќе кажат да го зголемиме прагот на старосната граница за пензионирање е очекувано нешто. Дали Владата ќе го прифати или не ќе видиме, но да сочекаме да ги направат анализите, тие сега ќе почнат, за колку врее ќе ги направи ММФ анализите ќе видеме, навистина не би знаеле да кажам, но се согласивме да ги направат, чисто еднаш за секогаш да да видиме што се случува и како се случува и што би не очекувало во иднина. Тие даваат некои податоци, каде што да кажам најголемиот проблем со пензискиот фонд ќе биде проблемот со демографијта и ова е сериозен пробелм, не е проблем само за Македонија, проблем е за цела Европа, претседателот на Влада си има свои размислувања и мислам дека ако гледаме целовкупно за целата економија е друго на еден среден рок јас сум бедена дека ќе се стабилзира и среди.“, кажа Димитриеска Кочоска

Министерката Кочоска-Димитриеска тврди дека пензионирањето треба да биде право на избор, со што ќе се даде можност на оние кои што сакаат да продолжат да работат, да им се остави простор

Анализите на ММФ треба да покажат каква е состојбата со пензискиот систем и какви мерки ќе бидат потребни во иднина.

Иван Митев, М-Нет