
Модуларната ковид болница во Кочани по нејзиното затворање од понеделник ќе служи како пункт за вакцинација и таму ќе се вршат дневните амбулантни прегледи, информираше директорот на болницата Александар Серафимов. Оваа одлука се должи на намалениот број на хоспитализиарни пациенти позитивни на ковид 19, но и недостатокот на Инфектолог во оваа болница, откако единствениот кој беше достапен замина во пензија. Доколку од наредната недела има лица позитивни на ковид кои би имале потреба од болничко лекување, ќе бидат препраќани во модуларната болница во Штип. Модуларната ковид болница во Кочани е со капацитет од 35 кревети и беше отворена кон средината на месец март годинава. Во меѓувреме бројот на хоспитализирани пациенти во кочанската модуларна болница е 5, две лица имаат потреба од кислородна поддршка, и нема починато лице.
Идентичен број на хоспитализирани пациенти како во претходното деноноќие и во модуларната ковид болница во Штип. 19 лица се на болничко лекување, слободни се 28 кревети, а намалена и потребата на пациенти од кислородна поддршка. На килород моментално се 11 лица, нема регистрирано ниту едно починато лице, посочи Потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
На сила остануваат сегашните мерки и протоколи за заштита од невидливиот непријател, а во тек е и имунизација на населението.
Според информации од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.
Лаура Стојанова М-Нет