
Со зголемувањето на цените на производите во маркетите, граѓаните избираат да купат директоно од произведувачите на млеко и млечни производи. Истите се нудат на пазарот во Штип, произведувачите велат тоа е нивно сопствено производство и се бара од страна на граѓаните. Цената на овчото сирење е 450 денари за килограм.
„Ние од секогаш трошеме, секогаш имаме побарувачка, наше стадо е тоа лично ама во маркетите се повиски цените оти е вештачко и го нема. Ние си имаме количина одредена и тоа си го трошеме нон стоп. Имаме околу 1500 овци и правеме преку 1500 канти и ги трошиме постојано.“ – вели Наќе.
И Селјами Сулејман е еден од продавачите на млеко и млечни производи на пазарот во Штип. 150 денари за литар и половина млеко, а 350 денари килограм којзо сирење, се цени задоволителни за граѓаните.
„Козјо сирење моментално е 350 денари за килограм. Ама криза, пари немаат луѓето и овде е проблемот. Моментално повеќе бараат. Храната е скапа“ – вели Сулејман.
Граѓаните велат млечната криза ги учи да купуваат производи пласирани по пазарот, бидејќи цените во продавнцците не се реални и се недостапни за нив. Додаваат дека не се во можност ниту да прават залихи и покрај тоа што знаат дека цените од ден на ден се повеќе растат.
Освен млечната криза високи се цените и на овошјето и зеленчукот, па во маркет се влегува само по најосновните производи.
Лаура Стојанова М-Нет