
Покачувањето на пензиите од 6,8% пензионерите денес го потрошија на штипскиот пазар. Велат, со 500 денари не може да се купи многу, а дел од нив и не знаат дека на сметките имаат покачување. Цените на производите различно ги оценуваат, за некои скапо, за некои не. Сепак, согласни се дека покачувањата сè повеќе го нагризуваат домашниот буџет кој останува ист.
Задоволни од побарувачката се и продавачите. Раздвиженост има, велат, ама ако се земат предвид цените, сè помалку е исплатливо. Денес најмногу се бараше зеленчукот за туршија, но граѓаните купуваа и домати и пиперки.
Производство има, додаваат производителите, ама првата слана ќе ги остави без производи. Просперитет не гледаат во земјоделството, крахот ќе стигне за најмалку 2-3 години, бидејќи нема кој да работи.
Ребека Спасова М-Нет