
Одбојкарскиот клуб Младост УГД продолжува со креирањето на ростерот за новата сезона во Првата женска лига, откако ја продолжи соработката со четири одбојкарки.
По четврти пат, Марија Батиниќ од Босна и Херцеговина ќе ги брани боите на штипски клуб. Батиниќ игра на позицијата либеро, а се очекува со својата борбеност, стабилност и искуство да биде важен дел од тимот.
Во тимот од штип останува и Тијана Пирова која се развива во школата на Младост УГД, а со својата работа, талент и посветеност стигна до кадетската репрезентација на Македонија. Пирова е техничар која потекнува од школата на штипскиот клуб.
Клубот информираше дека е постигнат договор за продолжува на соработката и со Надица Пирова, либеро од школата на Младост УГД, која исто така е дел од кадетската репрезентација на Македонија.
И во сезона 2026/2027 дресот на Младост УГД ќе го носи Моника Костовска, која игра на позицијата коректор. Костовска беше дел од генерацијата која го освои вицешампионското место во кадетска конкуренција, а сега ќе се докажува и во сениорскиот тим.
Клубот е горд на своите одбојкарки кои преку својата школа сега стануваат дел од сениорскиот тим и ќе бидат гордност не само на Младост УГД туку и на целиот град.
Александар Ванев, М-Нет