
Каде се младите во земјоделството и колку придонесуваат во работата на пазарите? Граѓаните на терен се жалат дека младите сè помалку се заинтересирани за работа, а сè почесто ги гледаат во кафулињата наместо на нивите и зад тезгите. Велат дека земјоделството и продажбата на пазарите сè повеќе остануваат на товар на постарите
Од страната на земјоделството секогаш е потешко, велат производителите на штипскиот пазар, кои признаваат дека станува збор за тешка и макотрпна работа, па како што велат, не би им ја препорачале ниту на своите деца. Сметаат дека токму тешките услови се една од причините поради кои младите сè помалку се заинтересирани за земјоделство.
Производителите стравуваат дека еден ден, кога постарите генерации веќе нема да можат да ја работат оваа дејност, ќе нема кој да ги продолжи земјоделството и продажбата на пазарите, со оглед на сè помалиот интерес кај младите за оваа работа.
Ева Тушевска, М-Нет