Младата репрезентација на Македонија У-19 победи во вториот меч со селекцијата на Македонија У – 21

На тренинг кампот што се одржува на спортскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид се одигра вториот контролен натпревар помеѓу двете млади селекции на Македонија. Селекцијата на Македонија У – 19 предводена од селекторот Шкумбин Арслани овој пат беше поуспешна од селекцијата на Македонија У – 21 предводена од селекторот Благоја Милевски и победи со резултат 3:1. Стрелци на головите за помладата селекција беа Берат Калкан кој постигна 2 гола и Зуфер Шаими кој постигна еден гол, а стрелец за повозрасните беше Марко Ѓоргиевски. На подготовки во Охрид беа и штипјаните Константион Коцев и Иван Николов кој настапија за селекцијата У – 19 и Јован Манев кој настапи за селекцијата У – 21. Колку за потсетување пред два дена во првиот натпревар Македонија У – 21 победи со резултат 3:1 а со денешната победа помладите македонски репрезентативци се реваншираа за поразот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk