
Имунизацијата во нашата држава започна со вакцинирање на здравствениот персонал, па лицата над 77 години. Со руската вакцина „Стутник В“ се вакцинираат вработените во ризичната инфраструктура. Со приоритет за вакцинирање се и лицата со хронични заболувања и коморбидитети, но не и родителите на децчиња со посебни потреби.
„Не се опфатени за жал, тие не беа опфатени ни претходно со мерките на Владата во ниту еден круг. Се надевам дека ќе се сетат и на овие лица, особено децата кои се со хронични болести и нивните родители„ – истакна Зоран Мијалков, „Сплотени срца“.
Потребата да бидат вакцинирани и овие лица е голема, бидејќи последиците може да бидат многу поголеми и пострашни.Исто така важно е откривањето на болеста или заразата во најрана фаза.
Здруженијата и организации за овие лица немаат поднесено барање да бидат опфатени во приоритетната група за вакцинирање, но затоа имаат поднесено барање за претходните економски мерки. Тогаш помош од државата имаа добиено само самохраните родители.
Дел од родителите на дечиња со посебни потреби ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија, а останатиот дел се надеваат на слух од државата.
Лаура Стојанова М-Нет