
Дали изградбата на новата клиничка болница во Штип кончено ќе биде реализирана и дали пациените ќе добијат ново соодветно место за лекување. Според премиерот, Христијан Мицкоски, недели не делат од прекрасна вест кога е во прашање изградбата на долгоочекуваната болница. Потенцира дека ова ќе биде пријатно изненадување за сите граѓани.
„Многу, многу брзо од денеска убава вест за штипјани поврзана со клиничката болница. Веќе недели не делат до таа убава вест и очекувам тоа да биде едно пријатно изненадување“ – вели Мицкоски.
Штипската клиничка болница започна да се гради во 2016 година. Беше во приоритетите за решавање и на сегашната актулена власт. Со изградба на болницата ќе се пдообрат условите за вработените, но и услугите кои ќе ги добијат пациентите од Штип и регионот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет