Мицкоски: Македонија има народ што знае да сонува, но и да се бори

Македонија има народ што знае да сонува, но и да се бори. Со силни пораки, премиерот Христијан Мицкоски, денес заедно со делчевчани ја одбележаа 149 годишнината од разловечкото востание. Тој посочи дека, иако државата ја напаѓаат закани за заборав, иселување, корупција, напади врз националниот македонски иденти, тие како влада се среќни што народот е со нив, бидејќи како што посочи нивната борба е да ја сочуваат татковината.

,,Нека не го мериме востанието само по времетрањето или резултатот, туку по храброста што ја запалија, по пораката што ја испрати, Македонија има народ што знае да сонува , но и да се бори. Денес ние живееме во слободна држава, но таа слобода не се роди од ништо, таа се роди од крвта, од страдањето, од пожртвуваноста на луѓе, како Димитар Поп Ѓорѓиев беровски, кои знаеја дека Македонија вреди. Денес не не држат може би во синџири на робство, но не напаѓаат други закани како заборав, разединетост, иселување, корупција.

Мицкоски во своето обраќање пред делчевчани, рече дека денот има големо значење за државата, бидејќи тогашните борци, не само што загинаа за Македонија, туку и оставија голем траг во историјата.

Инаку Разловечкото востание е востание на македонскиот народ против Османлиската Империја, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци.

Иван Митев, М-Нет