
Доколку се дојде до дивеење на трговците и производителите ќе има жестоки реакции од страна на владата. Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава истака дека ќе го брани стандардот на граѓаните со сите алатки кои што тие како влада ги имаат на располагање. Ваквиот став е со цел да се почитуваат стандардите и да се создадаат соодветни услови за живот.
“Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење, ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе браниме стандардот на граѓаните со се што го имаме како алатка на располагање“, истакна Мицкоски
Се работи на изготвување на законско решение кое што ќе биде уставно, кое што од кога ќе биде дефинирано ќе биде дадено на увид на јавноста, пред да влезе со собраниската процедура, додава Мицкоски.
“Јас не ги коментирам ставовите на поединци кој што доагаат од нашите коалицски партнери. Има работа група која што работи на изготвување на законско решение кое што ќе биде уставно, кое што кога ќе биде дефинирано ќе биде дадено на увид на јавноста, ќе го слушниме судот на јавноста, пред да влезе со собраниската процедура.
Со ваквата ситуација, граѓаните ќе имаат соодветни услови за живот од една страна, а од друга страна и нормален стандард за да се живее. Она што додатно го истакна премиерот е дека нема да има покачување на платите на функционерите.
Лаура Стојанова, М-Нет