Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари , соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешнта прес конференција. Тој тврди дека бруто платата за 2025 година била 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари, односно 26.046 денари нето плата.

Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.

„Со ова усогласување минималната плата која во 2025 година изнесувала бруто 36.037 денари во бруто износ за 2026 година ќе изнесува 38 507 денари, бруто односно 26. 046 денари нето. Тоа претставува зголемување од 2470 денари во бруто износ, односно 1667 денари во нето износ во однос со 2025 година.“, вели Дурмиши

Според Дурмиши, во проценти просечната нето плата бележи зголемување од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот изнесуваат зголемување за 4,1 процент.

Со ова зголемување на минималната плата за 1667 денари, министерот Дурмиши е дециден дека ќе се подобрат условите за живот, тврдејки дека државниот пазарен инспекторат работи на терен и се бори со цени во маркетите, но и со сивата економија.

Иван Митев, М-Нет